Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Новина во работењето на министерот Алиу: Знаковниот јазик е еднаков со сите други јазици

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска одржа средба со претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ,,Инклузива“.

На средбата министерот посочи дека се гради европски модел на комуникација и во таа смисла е заложбата кон лицата со попреченост, да бидат вклучени во сите законодавни процеси, како и да се подигне свеста за правата и потребите на овие лица.

„Системски се трудиме и работиме на воспоставување на професионална рамка која користи знаковен јазик и има лиценца да толкува знаци во сите сфери на општеството. Во моите јавни настапи, кои се од информативен карактер, ќе имаме преведувач во реално време со знаковен јазик, воспоставувајќи го како практика и како стандард за сите наши јавни средби. Веб-страницата на MИОА е преведена и на знаковен јазик. Правото на информации и пристап до услуги го сметаме за многу важно, без никого да исклучуваме“, рече министерот Алиу.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК

Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

ДЕСК