Centar.mk
БИЗНИС

Од денес поскапи горива

Од полноќ поскапеа бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Можеби ќе ве интересира

КАДЕ СЕ ВАШИТЕ ПАРИ ЗА ПЕНЗИЈА И КОЈ ГИ ЧУВА? – МАПАС со важно објаснување за сите осигуреници

ДЕСК

Што е потребно за преклопниот телефон да биде подготвен за секојдневна употреба?

ДЕСК

ИНОВА започнува процес за воспоставување на Научно-технолошки парк – нова инфраструктура за иновации, наука и економски развој

ДЕСК