Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина: Русите се обидуваат да ги вратат изгубените позиции

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека во изминатите 24 часа руските сили неуспешно се обиделе да напредуваат во правец на Купјанск и да ги вратат загубените позиции во областа Доњецк и Запорожје.

Под силен оган од руската авијација и артилерија, украинските војници продолжуваат да ја задржуваат руската офанзива во областите Авдеевка и Маринка, се наведува во извештајот, пренесува Униан.

Се тврди дека руските сили неуспешно се обиделе да ги вратат загубените позиции во правците Бахмут, Шахтјор и Запорожје.

Во исто време, украинските одбранбени сили го продолжуваат напредувањето во правец на Мелитопол и Бердјанск, каде што ги утврдуваат своите позиции, соопшти Генералштабот.

Можеби ќе ве интересира

Драматично на фронтот: Русите ја зголемуваат офанзивата — Украина возвраќа!

ДЕСК

Зеленски побара од Коалицијата на подготвените оружје со долг дострел

ДЕСК

Путин вели дека одговорот на Москва на потенцијалните напади со ракети „Томахавк“ врз руска територија би бил „жесток“

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.