Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски и Николовски присуствуваа на манифестацијата „Макавеи 2023”

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

-Утрово во с. Герман, Општина Ранковце, во црквата „Света Троица” заедно со граѓаните и колегата Ljupcho Nikolovski, присуствував на утрена Света Божествена литургија по повод започнувањето на Богородичните пости и празникот Свети седум маченици Макавеи за кои пишува во Стариот завет на Светото писмо, а кои страдале со маченичка смрт храбро бранејќи ја верата.

Заедно со граѓаните присуствував на манифестацијата „Макавеи 2023”, на голем народен собир да ја одбележиме оваа слава на која присуствуваат и по 10.000 посетители од околните села и од цела Македонија.

Нека е за многу години!

Можеби ќе ве интересира

Левица: За договорот со „Бехтел и Енка“ ќе се плаќаат милионски кредити – наместо репрограмирање ДПМНЕ го задолжи народот

ДЕСК

Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ СО ОДЛУКА: Кадровски смени и освежувања во СДСМ – еве кои се новите луѓе

ДЕСК