На 13.08.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.К.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка. Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 13.08.2023 во 12.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.08.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци. Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет. Лицата биле задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Денеска (14.08.2023) во 04.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(21) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (14.08.2023) во 04.00 часот на подрачјето на Идризово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.08.2023 во 12.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Република Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Денеска (14.08.2023) во 02.30 часот на Граничниот премин „Пелинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.