24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Зоран Иванов / Фото: Civilmedia.mk
СТАВМАКЕДОНИЈА

Демек тие патриотите и демек ние непатриотите – абе ај

ЗОРАН ИВАНОВ

На темава актуелна може да се напишат стотина реченици но, еве, за национално емотивно повредените, а стокмено во една реченица, збор, два за состојба која отсликува актуелен амбиент во кој, излегува, колку поблиску до конечен почеток на ЕУ интеграциите, толку посилен отпор од национално просветлени или од интересџиски посветени, сеедно, политичари, бизнисмени, медиуми, уредници, колумнисти, од демек интелектуалци, од, пак, демек, од оние национално емотивно повредени, а пак, демек, ние другите не сме, но џабето е во неизбежниот факт дека машина за враќање наназад во времето, машина за ретро, уште не е измислена па, природно, останува сè да се движи нанапред и, исто како со примерот со Грција, неизбежното и со Бугарија е дека, кога тогаш, во еден ЕУ макар само процесно интеграциски амбиент, македонскиот ќе се учи и таму, згора, еве пак по примерот со Грција, и ора македонски ќе се виат и во таа се уште негаторската Бугарија, па национално просветлени или интересџиски посветени интелектуалци политичари, бизнисмени, професори, уредници, колумнисти и сличните исти, сеедно, ќе туркате или ќе кочите, изборот е индивидуален на секој од, демек, патриотите, и на секој од, демек, непатриотите – абе ај.