Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Табановце за влез во Македонија се чека еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен

ДЕСК

Минчев: Европската комисија го нотира напредокот, градиме администрација во која знаењето се претвора во резултати!

ДЕСК

Мицкоски го копира Вучиќ: Кога нема одговори за Алта банка, се заканува на СДСМ

ДЕСК