Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопски „фиат“ излетал од патот кај Куманово

Денеска (12.08.2023) во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с.Проевце, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК

Мојсоска: Новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски

ДЕСК