8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ќе се продаваат станови и парцели на Мијалков – државата ќе ќари најмалку пола милион евра

Агенцијата за управување со одземен имот стави на лицитација четири имот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков што му беа одземени во судска постапка.

Станува збор за земјиште лоцирано во Џибарица Кожуф, два стана во Охрид на плажата „Горица“ и земјиште во скопско село Морани во општина Студеничани.

Како што објавуваат од Агенцијата, земјиштето со површина од 321 квадрат на Кожуф ќе се наддава со почетна цена од 483 евра, едниот стан во Охрид со површина од 65 квадрати со почетна цена од 93.906 евра, вториот стан со површина од 114 квадрати ќе се продава по почетна цена од 146.870 евра, додека земјиштето во Морани со површина од 56.818 квадратни метри има почетна цена од 277.161 евро.

Вкупната почетна вредност е 518.420 евра, што значи дека со продажбата на имотот, државата ќе добие најмалку половина милион евра.

Со признавањето на вина во предметот „Империја“ запленет и друг имот на Мијалков, како шуми, парцели, станови и акции кои исто така ќе се најдат на продажба.
извор 24 инфо

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК