Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

261 санкционирани возачи во Скопје, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК