Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царински службеници со несекојдневна акција – спречен неверојатен обид на мајка од Јужноафриканска Република да ја прошверцува ќерка си во државава

Царинските службеници од граничниот премин Меџитлија во понеделникот се соочија со несекојдневна глетка откако при контрола на автомобил изнајмен и управуван од државјанин од Јужноафриканската Република во багажот открија девојка на возраст од 23 години.

Девојката инаку е ќерка на мајката која управувала со возилото.

„Имено во понеделникот на 7 август на влез на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23)“, велат од Царинската управа.

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК