14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонска агенција за регрутација и хедхантинг – најлесен начин за вработување на професионален кадар!

HeadHunting (headhunting.mk) е специјализирана агенција која им помага на компаниите успешно да најдат нови членови на својот тим.

Во време кога македонскиот пазар на труд станува исклучително компетитивен и компаниите почнуваат да се натпреваруваат во ангажирањето на најдобриот човечки потенцијал, еден релативно нов, значаен тренд станува соработката со специјализирани агенции за „хедхантинг“ и регрутација на кадар кои помагаат во надминувањето на тој предизвик.

HeadHunting MK (headhunting.mk) e токму таква „хедхантинг“ агенција која на своите клиенти им помага во наоѓањето на соодветен кадар за специфични позиции или работни места кои не успеваат да ги пополнат преку традиционалното објавување огласи.

Она што е карактеристика за „хедхантинг“ соработката со HeadHunting.mk, е тоа што услугата се наплаќа единствено после реализација на потенцијалниот „трансфер“ во компанијата, што пак дава целосна сигурност во посветеноста на агенцијата кон завршување на добиената задача.

Моделот на соработка со HeadHunting.mk најпрво опфаќа испраќање на бриф од страна на компанијата која бара работници на е-маил адресата office@headhunting.mk, по што од агенцијата се испраќа финансиска понуда за услугата која е изразена во процент од планираната плата за конкретното работно место. После потврдата за соработка се потпишува договор и „ловците на глави“ од агенцијата започнуваат да ги пронаоѓаат соодветните кандидати и со нив да прават прелиминарни разговори.

Преку процесот на интервјуирање се селектираат оние кандидати кои најмногу одговараат на бараниот профил и вештини, а нивните имиња потоа се предлагаат на компанијата. Финалното интервју и одлука за вработување го прави тимот од компанијата, по што, ако процесот успешно завршил, се реализира договорената компензација за HeadHunting.mk.

Овој едноставен модел на соработка овозможува значителна поддршка за компаниите и нивните напори да го најдат соодветниот кандидат без притоа да се експонираат јавно дека треба да пополнат некое работно место, истовремено нудејќи им удобност да „таргетираат“ и определени вработени од компании на кои не сакаат директно да им пристапат.

Улогата на „хедхантинг“ агенцијата секако дека е насочена и кон другата страна, а тоа се кандидатите и професионалците кои се отворени да добијат соодветни понуди за „трансфер“. Самите тие можат да побараат да бидат вклучени во датабазата на кандидати со кои дискретно соработува HeadHunting.mk, со испраќање на нивното CV на е-маил адресата CV@headhunting.mk, за што тие немаат никакви финансиски обврски спрема агенцијата.