Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е 30-ина минути, велат од АМСМ.
На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.