Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Крлежите од ДПМНЕ 32 години ја уништуваат државата и го загрозуваат јавното здравје, реагира СДСМ

„Во историјата на државата нема поштетен субјект од партијата ДПМНЕ, 32 години крлежите од оваа партија ја уништуваат државата“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски бесрамно злоупотребува човечки трагедии за политички цели, а здравјето, интересите и потребите на граѓаните им се на последно место.

Тоа најдобро се покажа во време на пандемијата со коронавирусот кога лично Мицкоски лажеше дека немало тестови, дека немало персонал, лично тој прв ги прекршуваше мерките за заштита и го загрозуваше јавното здравје“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија и денес исто како и тогаш шират лажни вести за работата на здравствените институции посветени на заштита на јавното здравје.

ДПМНЕ со своето дејствување е опасност по здравјето и сигурноста на граѓаните, се додава во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК