Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

148 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), извести МВР.

Оттаму велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК