27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Утре е Света Петка, заштитник на жените и болните – појдете во црква, но овие работи немојте да ги правите

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.

Православните верници утре ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа, по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:

Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!

Имено, исто така се верува дека вечерва е многу важно на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето, Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.