Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Раст на пензиите за 24 отсто за помалку од две години

„СДСМ континуирано на дело покажува вистинска грижа за пензионерите. Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја“, соопшти СДСМ.

Оттаму велат дека пензиите од јануари 2022 година до септември 2023 година ќе пораснат за 24 отсто.

„По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто. Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто. СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки што значат подобри услови за живот за пензионерите“, се додава во соопштението на владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК