16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Османи: За член 5 нема ниту писмен извештај, ниту гласање во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вестите на Сител зборуваше за неодамнешното видео во кое ги ојбаснуваше патоказите и преговарачката рамка, како и процесите за интегација низ кои мора да помине Северна Македонија.

„За Член 5 нема да има писмен извештај, нема да има гласање во ЕУ. Оваа е клучната пораката која се обидувам да им ја кажам на граѓаните. Се разбира дека добрососедските односи ќе се ценат. Ние ако сме во лоши односи со еден сосед, членка на ЕУ се разбира тоа е пречка за напредокот, меѓутоа нема да има точка на дневен ред во ЕУ во којшто ќе биде Договорот со Бугарија, Договорот со Грција, прегледите од Член 12, нема да има такво нешто и тоа е многу важно. Затоа велам дека да, тоа плашење на граѓаните дека Договорот ќе биде филтер односно скалило како што јас ги нарекувам во видеото, нема да бидат дел од скалилата низ кои ние се качуваме за да влеземе во ЕУ“ – рече Османи.