Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен крадец на дело во Прилеп, поднесена кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(29) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Имено, на 04.08.2023 околу 03.00 часот, П.Т. со употрена на подесен алат влегол во стан во населба Точила во Прилеп и одзел пари, но бил затекнат од полициски службеници. Притоа, тој се обидел да избега и ги нападнал полициските службеници, но набргу бил совладан и лишен од слобода.

По консултација со јавен обвинител поднесена му е пријавата, а од страна на судијата на претходна постапка определена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +