24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за скопјанец поради загрозување на животната средина со отпад

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ж. М. (62) од Скопје за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад по член 230 ст. 3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, при извршена контрола на 6.10.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во населбата Радишани, општина Бутел, бил затекнат како неовластено тргува со отпад.

Притоа е утврдено дека тој не е регистриран во Централниот регистар како физичко лице или како трговец поединец и не поседувал дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува во согласност со чл. 64 од Законот за управување со отпадот.