Eдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б. И. (42) од Тетово, М. Б. С. од Канада и Д. К. од Албанија поради постеоње основано сомнение дека сториле кривично дело по чл. 95-в ст. 2 и против правно лице од Скопје по чл. 95-в ст. 1 од Законот за контрола на опојните дроги и психотропните прекурсори.
При извршена контрола во правното лице на 19.7.2023 од страна на полициски службеници од МВР и овластени лица од Министерство за здравство – Комисија за оценување на исполнување на условите за простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели, со локација на просторот и површината за одгледување канабис во с. Корешница, Демир Капија, било утврдено дека пријавените во сеф-собата во објектот за чување опојни дроги пријавената количина на обработен сув цвет од канабис не ја спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти, туку ја спакувале во најлонски и алуминиумски кеси, што е спротивно на чл. 29-ѓ од наведениот закон.
Тие исто така до Министерството за здравство не доставиле известувања за настанати промени, што е спротивно на чл. 29-г од законот, како ни за бројот на собрани стебла и сува маса по завршената берба на канабисот, што е спротивно на чл. 29-д од Законот за контрола на опојните дроги и психотропните прекурсори.