Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Уживајте во убавото време до петок, потоа следува пресврт – УХМР најавува силно невреме и значителен пад на температурите

До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Прогноза за 03.08.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9

Прогноза за 04.08.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. UV=9

Прогноза за 05.08.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +