Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дали последниот потег на ДУИ ја стави ВМРО ДПМНЕ пред свршен чин во очи на меѓународната заедница?

Според познавачите последниот потег на ДУИ може да се смета како обид да се разобличи целокупната игра на пратеници на опозициската ВМРО ДПМНЕ, кои од една страна им намигнуваат на странските дипломати дека не е проблем да поддржат измена на Уставот, а од друга глумат тврди позиции.

Петмината министри од ДУИ на своите Фејсбук страници објавија фотографии како ги потпишуваат оставките кои ќе стапат на сила на денот кога ќе се гласаат за уставните измени, односно доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат ЗА.

По серијата оставки на министрите и функционерите, оставка најави и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Социјалдемократите велат дека сите услови на ВМРО ДПМНЕ се исполнети.

После овие потези на владејачките партии кои понудија и предвремени избори се очекува топката да биде префрлена во дворот на опозицијата, бидејќи се расчистија дилемите за тоа кој е за, а кој против ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК