Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возило излета од пат во Струмица, едно лице тешко повредено

Во текот на вчерашниот ден во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Ново село кон село Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК