Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

576 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 576 возачи.

Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 302 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +