Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски на осветување на црквата „Пресвета Богородица” во Ростуше: Свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски Партениј, со молитвено учество на дебарскиот архиерејски намесник о. Миле Ангелковски,
на Бигорското монашко братство и на сестринството од манастирот Свети Георгиј Победоносец во с.Рајчица.

Спасовски на својата Фејсбук страна се заблагодари до Епископот Партениј и на монашкото братство за овој свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај, за заложбите и личниот труд за возобновување на храмот на Божјата Мајка, со што жителите и селото Ростуше добија исклучително убав храм кој ја слави милоста за доброто на сите жители.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК