Македонските и српските цариници на Табановце работат заедно, па патниците не застануваат двапати, туку само еднаш, во двата правци.
Минатата година, според анализите, преку граничниот премин „Прешево“ поминале 7,5 милиони луѓе, околу 360.000 камиони и 30.000 автобуси!
Проценките се дека овој рекорд може да биде соборен годинава.
Од почетокот на летната сезона на овој граничен премин дневно поминуваат околу 20.000 патници.
Белграѓанка го сподели своето искуство на социјалните мрежи. Таа неодамна потврди дека се работи совршено на „Прешево“.
„Бевме рано, но не вреди, има гужва од раните утрински часови. Сепак, верувале или не, многу брзо го минавме граничниот премин Прешево и влеговме во Северна Македонија. И не само тоа, најпријатно изненадување за туристите, млади волонтери споделија ладна флаширана вода. Каков гест, но и каква организација на работата на припадниците на МУП на Србија на граничниот премин Прешево“, раскажала белграѓанката која со нејзиното семејство била на одмор во Грција.
Сепак, на ГП „Евзони“, кон Грција таа раскажува за сосема поинаква слика.
„Но, на македонско-грчката граница затекнавме уште поголема гужва. Нервозни возачи кои арогантно се обидуваат да поминат низ линијата. На преминот чекавме речиси три часа без ниту едно шише вода“ – додаде таа.
Од мај 2023 година започнаа работите на заедничкиот премин Прешево – Табановце, во рамките на иницијативата Отворен Балкан чии потписници се Србија, Северна Македонија и Албанија.