23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Се стопи разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ – Ковачевски по само година-ипол лидерство му се ближи на Мицкоски во рејтингот

ВМРО-ДПМНЕ би имала повеќе гласови од СДСМ доколку денеска се одржат предвремените парламентарни избори според анкета на БРИМА, која ја пренесуваат медиумите.

19.5 проценти од граѓани одговориле дека доколку денеска се одржат парламентарни избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а 13.6% од испитаниците одговориле дека доколку денеска се случат предвремени парламентарни избори би гласале за владејачката СДСМ, што покажува дека рејтингот на СДСМ пораснал, а разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ драстично се намалила.

Во албанскиот политички блок најмногу поддршка има ДУИ со 5,9 проценти, втора партија е сега веќе расцепканата БЕСА на Билал Касами.

Имено на прашањето за која партија би гласале доколку денеска се одржат предвремени парламентарни избори 4.8 проценти од граѓаните дале поддршка за БЕСА, додека 3.2 својата поддршка би ја дале на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари.

7.5 проценти од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар на кој најмногу му веруваат. Додека 4.5 проценти имаат доверба во премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски покажува најновата анкета, што е голем скок за Ковачевски со оглед дека е активен на политичката сцена речиси една ипол година пишуваат медиумите.