Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

21 приведени лица што го нарушиле јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија

На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.

Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК