Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за две лица, првиот издал лажна сообраќајна дозвола, а вториот ја покажувал пред полицијата

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д. К. (49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 и против С. Ш. (41) од с. Блаце, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.6.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед.

Таквата невалидна сообраќајна дозвола му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.6.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација.

Можеби ќе ве интересира

Тројца градежни работници се транспортирани на Ургентен: двајца имаат полесни повреди, еден скршеници

C +

Еден работник загина, тројца се повредени при затрупување на градилиштето во Кисела Вода, МВР со детали

C +

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК