Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Ја спуштаме надземната мрежа од ул. Партение Зоографски до ул. Тасино Чешмиче

Општина Центар започна со спуштање на надземната мрежа од уличното осветлување и електричните кабли со цел модернизирање на инсталациите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека во моментов се работи на улицата Партение Зоографски на Водно долж улицата Тасино Чешмиче и пропратните улици на тој опфат.

„Изведуваме модернизирање на инсталациите со цел да ја промениме онаа грда слика на стари дрвени бандери на кои висат кабли. Сите сме сведоци дека со текот на времето истите се навалуваат до степен што некогаш каблите се на дофат на децата. Тоа не смееме да си го дозволиме затоа започнуваме со инфраструктурните зафати со кои ќе бидат опфатени 9 улици на потег од улицата Партение Зоографски до улицата Тасино Чешмиче“, изјави Герасимовски.

За потребите за изведување на овој инфраструктурен зафат во следниот период на места каде што ќе се работи ќе бидат извадени бекатон плочките на тротоарите и тие ќе бидат непроодни за пешаци. Општина Центар повикува на трпение со цел непречено одвивање на работите.

Можеби ќе ве интересира

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

ДЕСК