Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Потпишан последниот протокол за воспоставување на заеднички контроли со Албанија

Денес на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели, го потпишаа последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците.

Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Ќе се оди во затвор за 1,5 промили алкохол , се воведува трајно одземање возила за безобзирни возачи, глоба од 100 евра ако не го ажурирате вашиот телефонски број, а за три одземања возачка – ќе треба да преполагате

ДЕСК

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

C +

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

C +