Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

89 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Вчера (26.07.2023) во периодот од 09.00 до 15.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

ДЕСК

СУДИР НА ДВА АВТОМОБИЛА: Повредени во несреќа на патот Гостивар – Градец

ДЕСК

Полицијата му упадна дома – при претреси пронајдени документи поврзани со криивчно дело

ДЕСК