Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничката влада и избори наесен

Ние излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори. Ова го порача лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

„Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада што не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.

„Потребно е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничката влада и избори наесен“, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК