Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: Функционерите со 78 отсто зголемени плати не гласаа за зголемување на додатокот на лицата со попреченост

Пратениците на Левица поднесоа предлог-измени на два закони, со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција за лицата со попреченост. Mеѓутоа, овие закони за унапредување на положбата на лицата со попреченост не ја добија потребната поддршка во Собрание од страна на владејачкото мнозинство, соопшти политичката партија Левица.

„Револтира фактот што, токму оние функционери кои добија покачување од 78 проценти за нивните плати, овојпат не изгласаа покачување на додатоците на лицата со попреченост. Токму оние кои се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот во Собранието, за жал ги штитат само сопствените интереси“, велат од Левица.

Партијата поднесе низа предлог-закони за унапредување на правата на лицата со попреченост, како и закони со кои ќе се ограничуваат правата на функционерите – како укинување на апанажата и укинување на патните трошоци. И овие закони не беа поддржани во Собранието, велат од Левица, со што функционерите си ги задржаа своите бенефиции, но не дозволуваат истите бенефиции да ги добијата лицата со попреченост и останатите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +