22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СТРУМИЦА ВО ТАГА: Пронајдено телото на удавеното момче кое имаше само 29 години

Регионалниот ЦУК Струмица известува дека денеска во 09.00 часот е пронајдено телото на удавеното 29-годишно момче (М.П.) од струмичкото с. Дабиле после осумдневна потрага во браната „Чаушица“ што се наоѓа кај с. Дрвош, врз основа на информација од СВР Струмица. Телото било пронајдено утрово од пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица. На терен се очекува да излезе Јавен обвинител од Струмица, со надлежните институции согласно потребите.

Инаку, потрагата по удавеното момче започна на 16.07.2023 година, по околу 14:10 часот, кога имаше и пријава за удавено лице од с. Дабиле во брана „Чаушица“ кај с. Дрвош, лоцирана на север близу до истоименото село. Лицето било на возраст од околу 30 години (29 години М.П.), а настанот се случил кога удавениот со својот брат и другарите пливале во браната. Кога забележале дека и по 20-тина минути не излегол од водата пријавиле на Итна медицинска помош (ИМП) и на Полицијата (СБР Струмица). Поради специфичноста на браната каде што има многу дрва, гранки и мил (кал) во езерцето коишто ја отежнуваат спасувачката акција. Истиот ден на терен во потрагата биле вклучени и пожарникарите од ТППЕ Струмица со едно теренско возило и два пожарникара со соодветна опрема, а и од ИМП Струмица со едно возило, возач, лекар и техничар и од СВР Струмица со едно возило и двајца полицајци.

Потоа, на 17.07 и 18.07.2023 година, во потрагата била вклучена и нуркачка екипа од МВР – ЕЗС „Тигар“, но телото не било пронајдено. За другите денови нема информација дали биле ангажирани од таа специјална единица.

Согласно информациите добиени во ЦУК, утрото на ден 22.07.2023 година, жителите од с. Дабиле се организирале и самите да го бараат удавеното лице. Од МВР – СВР Струмица упатиле патрола на местото на настанот, но не биле вклучени директно во потрагата.

И на крај, денеска (23.07.2023 година) во 09.00 часот, е пронајдено телото на удавеното 29-годишно момче од струмичкото с. Дабиле после осумдневна потрага во браната „Чаушица“ што се наоѓа кај с. Дрвош, врз основа на информација од СВР Струмица. Телото било пронајдено утрово од пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.