11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познато е кога доаѓа освежување: Синоптичарите објавија до кога ќе се печеме на температури над 43 степени

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс, а ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Особено топло ќе биде во вторник. Во среда ќе започне да дува силен западен до југозападен ветер кој ќе услови постепено спуштање на температурата.

Прогноза за 25.07.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 36°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој краткотрајно ќе засилува најпрвин во западните, а потоа вдолж Повардарието. UV=10

Прогноза за 26.07.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе биде ветровито и ќе дува умерен до повремено силен југозападен ветер, а само на југоистокот ветерот ќе биде југоисточен. UV=8

Прогноза за 27.07.2023
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарите и во источните делови ќе биде зассилен. UV=10