Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

213 санкционирани возачи во Скопје, 111 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се десет мерки за користење на мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +