27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

По кратко боледување почина Драге Јованоски

Драге Јованоски важеше за еден од истакнатите борци за работнички права и долги години беше дел од ССМ.

Роден е во Охрид на 10 април 1956 година, долги години работеше како раководител на секторот за работни односи и правна заштита во ССМ, како и во секторот за едукација во ССМ.

Јованоски во јавноста беше познат преку неговата целосна посветеност кон унапредувањето и заштитата на работничките права.

Почина во Скопје, на 67 годишна возраст.