Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Работна средба на министерот Спасовски со австрискиот амбасадор, Вуцас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија , Н.Е. д-р Георг Вуцас на кого му завршува работниот мандат во земјава, во придружба на полициското аташе Манфред Јурчевиќ.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за неговата поддршка и соработката на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета на амбасадорот Вуцас во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК