Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 09.15 часот на улицата „Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот С.Р. од Скопје, извести МВР.

Тој управувал мотоцикл за кој постоело сомнение дека бил одземен.

– С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Мотоциклот бил вратен на сопственикот, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +