Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Малолетник уапсен во Тетово, се гони оти украл „пежо“, кое го возел и го оставил на улица

Вчера, околу 20.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово поради сомнение дека два часа пред тоа одзел патничко возило „пежо 306“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 65-годишниот тетовец И. А. Возилото околу 20.30 часот е пронајдено на улицата Фуштанска во Тетово и му било вратено на сопственикот. Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, а малолетникот бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК