Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Уставните измени се доставени до Собранието, не задираат во ниту едно идентитетско прашање

Вчера Владата информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст, дека одлуката за Уставните измени е едногласно донесена и е доставена до Собранието, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

– Парламентот согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, па потоа и на пленарна сеница.

Премиерот очекува плодна дискусија, конструктивна расправа и натпартиски консензус во Собранието, за како што вели, продолжување на европската интеграција на државата.

– Од нас зависи како и на кој начин ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција, додава Ковачевски.

Според премиерот се работи за Уставни измени кои не задираат во ниту едно идентитетско прашање.

– Беа објавени, немаше ниту еден негативен коментар. Ние сме мултиетничко општество и сме пример за Европа во мало. Сметам дека нашите пратеници ќе имаат визија, доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција, додаде премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +