17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Беса условува: да се укинат 20 отсто за албанскиот јазик, за да гласаат за уставните измени

Политичката партија Беса ги условува уставните измени. Од партијата велат дека ќе гласаат за уставните измени, но само ако се укинат 20-те отсто кои се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот.

„Немаме ништо против вметнување на бугарската заедница во Уставот. Сметаме дека нашиот устав има простор за такво нешто, каде повеќе заедници се дел од него. Но ќе инсистираме и цензусот 20 отсто што е за албанскиот јазик да се симне од Уставот“ рече Фадил Зендели од Беса.

Тој вели дека го разбира гневот кај Македонците, за барањето да се отвора Уставот и да се вметнат Бугарите, но, рече дека тоа зависи од македонските политичари. Според него македонските политичари се тие кои треба да одлучат за ова, како што го нарече, политичко прашање. Додаде дека тој како политичар од албанската опозиција ги претставува барањата на Албанците и дека никогаше не рекле дека Македонците мора да ги прифатат овие политички одлуки.