Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

И следната недела топлотен бран во Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Прогноза за 17.07.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=10

Прогноза за 18.07.2023
Минимална температура: 16°C до 23°C
Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. UV=10

Прогноза за 19.07.2023
Минимална температура: 17°C до 25°C
Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=10

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК