Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пеколни температури – Живата на термометарот ќе достигне 42 степени, еве какво ќе биде времето следните 4 дена

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Прогноза за 16.07.2023
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10

Прогноза за 17.07.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 35°C до 41°C

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV=10

Прогноза за 18.07.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. UV=10

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +