Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ до Собранието доставиле 3 закони под европско знаменце, сите се удар за народот

„СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5 на 18 % и со таканаречениот солидарен данок удираат по народот за да има за тендерите на Груби и Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДС и ДУИ до Собранието доставиле три закони под европско знаменце, од кои сите три, велат, се удар за народот.

– Власта планира да го зголеми ДДВ за пелетите од 5 на 18 % и со тоа да удри врз граѓаните кои се греат на пелети со 12 % поскап енергенс. Ако до лани некој трошел 40.000 денари за пелети, сега ќе треба да плати 45.000 денари. Разликата во цени оди во буџетот за Груби и Ковачевски да имаат повеќе пари за матни зделки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

По ист принцип е и таканаречениот солидарен данок, со што власта бара од компаниите да се солидарни, а во исто време троши немилосрдно од парите на граѓаните за тендери и договори во 4 очи, обвинува опозициската партија.

„СДС и ДУИ по брза постапка сакаат да протнат закони со кои ќе го удрат народот и фирмите, ќе скратат од нивните средства за да има повеќе за власта“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК