Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Охрид: Повредени туристи итно пренесени во болница

На 12.07.2023 во 16.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и с.Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од с.Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Забрчанец: Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

ДЕСК

Мицкоски за најавената реконструкција: Pоединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваа

ДЕСК

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК