Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Гостивар

Вчеравечер, во 23 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С. М. од гостиварска Горна Бањица, и мотоцикл, без регистарски ознаки, што го управувал 27-годишниот гостиварец М. З.

Во несреќата возачот на мотоциклот добил тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала

ДЕСК

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

ДЕСК

Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали учествува на Самитот на верските заедници на Балканот

ДЕСК