Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Вчера, во 18.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода 39-годишниот Ш. И. од Куманово, извести МВР.

„При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК

Времето ќе изненади – синоптичарите објавија најнова прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК